На автопат, по улица или надвор од нив, можете да им верувате на филтерите на Donaldson дека ќе ја исполнат својата задача. Од 1915 до денес, Donaldson е пронаоѓач на скоро сите технологии од областа на воздушната филтрација за тешки возила.
Ниту еден друг филтер не заштитува и не функционира подобро и не обезбедува подолг век на траење на моторот како што е случај со филтерите на Donaldson.

Постојат филтери со огноотпорен медиум за новите камиони, како и за вилушкари каде постои опасност од искрење и запалување на медиумот. Исто така достпани се филтери со медиум за мотори со високи вибрации.
Не само дизјанот на куќиштето на филтерот за воздух и филтер елементот имаат важна улога во заштитата на моторот, туку и самите гумени делови како на пример вентили кои ствараат вакуум и ја исфрлаат крупната прашина надвор од куќиштето се многу важни во извршувањето на функцијата на системот на воздушна филтрација. Претпречистувачите овозможуваат пррку 80 проценти од честичките со големина од 10 микрони и повеќе да бидат спречени да навлезат во куќиштето и да стигнат до самиот филтер елемент. Споменатите како и другите додатни елементи можете да ги најдете во нашиот магацин во Скопје. 


