Frank Donaldson
Ова е приказна за Donaldson Company и за нејзините вработени. Donaldson започнал со тројца вработени кои произведувале едноставни воздушни пречистувачи за трактори. Денес Donaldson го прошири своето портфолио на производи и прерасна во корпорација со светски карактер и присуство во повеќе од 39 земји.
95 години искуство
Donaldson Company е формирана во 1915 кога Френк Доналдсон, развил едноставен воздушен прочистувач кој имал задача да им ги реши проблемите на сопствениците на трактори. Во доцните 1920-ти огинот кој го зафаќал посевот, предизвикан од искрењето на моторот, го поттикнал развојот на Donaldsonво правец на производи за издувни гасови. Успехот и иновацијата во земјоделската механизација, директно водел во правец на пазарите за градежништво и рударство и подоцна кон пазарот за камиони и автобуси.
Глобално присуство
До 1950-тите, Donaldson има воспоставено продажба ширум светот и дистрибуција преку лиценцни договори со меѓународните производители. Почнувајќи пред 40 години, цврстите односи со клиентите го забрзале интернационалниот развој. Donaldson започнал со активности во Англија во 1958, со цел да го поддржи Caterpillar, а денес им служи на потребите на клиентите преку вршење активности во 9 држави.
Разновидно портфолио на производи
Аквизицијата на Torit® Company во раните 1970-ти го вметнал Donaldson во бизнисот на отпрашување (dust collection), кој подоцна бил проширен во 1987-та со аквизиција на Day Division на Carter-Day, исто така друг лидер од областа на отпрашувањето. Технологијата за индустриска воздушна филтрација во моментот се применува во различни индустрии и околини, вклучувајќи: заварување, фармација, дрвно-преработувачка индустрија, хемиска индустрија, обработка на метали, мебел, прехранбена индустрија и композитни материјали.
Технолошки лидер
Во текот на 1970-тите, Donaldson ја применил својата технологија да создаде иновативни решенија да го прочисти влезниот воздух во гасните турбини. Денес, Donaldsonсоздава и произведува системи за воздушна филтрација за стационарни гасни турбини и друга ротирачка опрема која се користи кај агрегати, производство на масло и гасови и индустрии за трансмисија и петрохемија.
Појавата на компјутерската хард-диск технологија во 1980-тите, ја поттикна компанијата во истражување на проблемите од областа на микро филтрацијата. Развиената технологија му овозможи на Donaldsonда обезбеди нови производи за различни примени како за чисти простории, производство на полуспроводници и автомобилски и авионски кабини.
Двоцифрена добивка
1990-тите беа години на силен раст на Donaldson Company. Рекордните двоцифрени добивки кои се појавиле тогаш траат и до денес. Глобалното присуство и техничката компетентност во голема мера се развиле и како резултат на бројни аквизиции, вклучувајќи, но не завршувајќи тука, со Aercology (мали производи за отпрашување), AirMaze (компресорски производи) и DCE (отпрашувачи, филтер вреќи).
Постојаност во 21-от век
До сега, новиот век се покажал како успешен за Donaldson Company. Широкиот асортиман, заедно со стратешките аквизиции, резултирале со постојано одлични финансиски резултати и овозможиле постојан раст на бизнисот.
Гаранција
Секојдневно, вработените во Donaldsonниз целиот свет бараат начини за да ги решат проблемите на клиентите и ја применат својата технологија на новите пазари. Технолошкото водство, комбинирано со добрите односи со своите клиенти и глобалното присуство, ќе ја задржи компанијата на врвот на пазарите во годините што доаѓаат.